Ракомет Спорт

Гичевска: Секој натпревар е дополнително искуство за нас

Македонската женска ракометна репрезентација во соочувањето со Холандија го забележа и вториот пораз. Противникот беше супериорен и славеше со 30:15, а на избраничките на селекторот Љубомир Савевски им остана уште една шанса в среда против Романија да покажат дека оваа генерација може да биде редовен учесник на големите натпреварувања.

“Честитки за Холандија. Одиграа одличен меч. Ние го загубивме фокусот на денешниот меч. Тажна сум поради навивачите кои дојдоа да не бодрат. Но, сепак мислам дека растеме заедно од мечеви како што се овие. Ќе го одиграме и мечот со Романија максимум и ќе дадеме се од себе”, изјави Леонида Гичевска.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе