Uncategorized Ракомет Спорт

Савевски: Правевме многу грешки, жал ми е за навивачите

Женската ракометна репрезентација на Македонија и во вториот настап на Европското првенство забележа убедлив пораз. Во второто коло од фазата по групи Холандија триумфираше со 30:15.

“Холандија одигра фантастично, ние одигравме лошо денеска. Направивме многу грешки, имавме повеќе од 20 промашени шутеви и многу технички грешки. Не одигравме добро во нападот. Многу брзавме во нападот и шутиравме без да создадеме шанса. Некогаш одигравме и добро во одбраната, но нападот ни беше многу лош. Жал ми е за публиката бидејќи не одигравме како што знаеме. Прашање за мене и ракометарките е што понатаму бидејќи ќе ги изгубиме навивачите. Ние сме многу помлади, имаме 6-7 кадетки во тимот и ќе напредуваме. Романија е исто така многу моќна, но верувам дека ќе се смени нешто во главите на моите ракометарки. Имаме премалку позитивни моменти во натпреварите за победи на едно Европско првенство”, изјави селекторот Љубомир Савевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе