Ракомет Спорт

Савевски: Задоволен сум од борбеноста на ракометарките

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз го отвори настапот на Европско првенство што се одржува во Скопје.

Нашата селекција е поразена од олимпискиот шампион Франција со 24:14. Сепак и покрај убедливиот пораз на моменти избраничките на селекторот Љубомир Савевски пружија силен отпор на фаворизираниот противник.

“Тешко беше за нас против Франција. Имавме многу проблеми во нападот, 27 промашени напади и десетина технички грешки. Добро е што одигравме еден дел од натпреварот позитивно. Имавме проблем со нападот, тешко е против ваков тим да постигнете гол од девет-десет метри. Задоволен сум од борбеноста, залагањето и менталниот склоп. Се обидовме да ротираме, но повеќе девојки од клупата се млади и не може да одговорат во фаза кога се „крши“ резултатот. Така веднаш од пет доаѓаме до осум разлика. Франција има многу моќна одбрана и сигурен сум дека се меѓу најдобрите селекции на шампионатот. Сепак, јас сум оптимист, ние сме на самиот почеток на циклусот. Ова Европско првенство е многу силно, ние не го изборивме пласманот, туку играме како домаќини. Имаме една мала надеж дека можеме да го промениме она што се случуваше во последните десет години”, истакна предводникот на националниот тим Савевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе