Ракомет Спорт

Ристовска: Имавме многу грешки, но се боревме до крај

На враќањето на големата сцена во женскиот ракомет, македонската репрезентација е совладана од актуелниот олимписки шампион Франција, селекција која е една од најголемите фаворитки за највисок пласман.

Сепак и покрај фактот што избраничките на селекторот Љубомир Савевски беа импресионирани од натпреварот во голем дел од соочувањето со Франција дадоа се од себе, но за жал не можеше да се избегне убедливиот пораз од 24:14.

“За жал почнавме многу лошо. Имавме многу технички грешки и многу промашени шутеви. Кога го дадовме првиот погодок бевме премногу возбудени. За мене е добар меч бидејќи и покрај се, се боревме до крај. Се надевам дека во понеделник ќе одиграме подобро против Холандија и ќе се обидеме да победиме со што би се пласирале во втората рунда”, изјави капитенот Сара Ристовска.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе