Спорт Тенис

Триумф на Ивановски во Хераклион

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски триумфираше на ИТФ турнирот во Хераклион што се играше за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски кој на турнирот беше поставен како трет носител во два сета со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 51 минута го совлада првиот фаворит Себастијан Гима од Романија.

На патот кон уште еден триумф на ИТФ турнирите, Ивановски во Грција стигна без загубен сет, а успеа да ги елиминира Јиржи Јеничек од Чепка, Германецот, Марлон Ванкан, Јакуб Никод од Чешка и Италијанецот, Андреа Гериери.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе