Водечкиот тим на табелата во Првата фудбалска лига, Струга ТЛ денеска од 13 часот во дуелот против Брегалница ќе се обиде да ја прекине лошата серија во која нема победа на последните три средби, а во претходните две кола доживеа порази во соочувањата со Шкупи и Победа.
Актуелниот шампион Шкупи денеска и гостува на Македонија ЃП додека второпласираната Шкендија има тешко гостување во Кратово каде за противник го има Силекс.
Во дербито на дното Академија Пандев е домаќин на Работнички додека Тиквеш ќе ја пречека Победа која веќе три кола не знае за пораз.
Сите натпревари почнуваат во 13 часот.
ФОТО: Игор Паневски
