Време е на костени во струмичката Подгорија. Вреќи со овој вкусен шумски плод се симнуваат од падините на Беласица. Токму во подножјето, над селата има големи дрвја, чии крошни се натежнати и од тука може да собира секој што има време и желба. Жителите на Смоларе велат дека годинава родот бил добар и има доста костени.
Костенот се користи за директна консумација, но од него се произведуваат и многу други производи како мед, брашно, слатко.
Секоја година токму во овој период Смоларе е местото каде се слави костенот. По две години пауза поради пандемијата, општина Ново Село ја продолжува традицијата
Костеновите дрва имаат голем век на траење. Растан помеќу 25 и 30 метри и живее околу 500 години. Покрај што се користи за консумација, мошне квалитетно е и костеновото дрво кое има шриока примена во дрвната индустрија.
Сузана Мицева













