Спорт Тенис

Халеп позитивна на допинг: Ова е најголемиот шок во мојот живот

Поранешната најдобра светска тенисерка Симона Халеп заработи провизорна суспензија откако испадна позитивна на допинг тест на Ју-Ес Опен годинава. Романката веднаш негираше дека земала забранета супстанца и најави борба до крај за вистината.

Халеп била позитивна на супстанцата роксадустат, која вообичаено се користи за третирање анемија. Примерокот е земен за време на Ју-Ес опен во месец август годинава. Таа автоматски е суспендирана од тенисот додека не го докаже спротивното. Побарала анализа и на Б-примерокот, па доколку резултите бидат идентични тогаш Халеп ќе добие и официјална суспензија.

Тенисерката веднаш реагираше на социјалните мрежи и рече дека ова е најголемиот шок во нејзниот живот.

„Денеска започнува најтешкиот меч во мојот живот, борба за вистината. Бев информирана дека сум позитивна на супстанца наречена роксадустат во ексктремно мала доза, што дојде како најголем шок во мојот живот. 
Низ целата моја кариера никогаш не ми дошла идејата да мамам ниту сум помислила на такво нешто. Соочувајќи се со ваква нефер ситуација, се чувствувам многу збунето и издадено. 

Ќе се борам до крај за да докажам дека никогаш свесно не сум земала забранета супстанца и имам верба дека вистината, кога – тогаш ќе излезе на виделина. 

Не се работи за титули или пари. Се работи за чест и љубовната приказна што ја развив со тенисот изминативе 25 години“, напиша Халеп.

Тенисерката која зад себе има две грен слем титули оваа година на Ју-Ес Опен испадна уште во првото коло, но претходно ја крена титулата во Монтреал. Таа по настапот на последниот сезонски грен слем стави крај на сезоната, бидејќи реши да оди на операција на носот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе