Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР со црвен картон за Џамбаски

/

Македонија

Сподели преку :

По два жолти каротини и предупредувања, македонската дипломатија ќе и врачи црвен картон на бугарската дипломатија за говорот на омраза на бугарскиот европартеник, Ангел Џамбаски. Картата на голема Бугарија на територијата на Македонија, Македонците наречени србомани и непостоечка нација и личните навреди кон македонскиот премиер како носач на кафиња на Зоран Заев, ја прели чашата на трпението на македонската дипломатија.

„Иако се обидувавме во овој период да го игнорираме, затоашто целта целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, меѓутоа овојпат навистина ги надмина сите граници на провокација и тука мора да реагира и бугарската држава и сите да реагираат, бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навреди кон народ, етнички заедници и тоа сигурно нема да го премолчиме“, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Но по дипломатска нота за Џамбаски, Османи сепак пак ќе го чека 21 октомври во Берлин за лично да му реагира на техничкиот шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков, за неговите провокативни изјави на сметак на Македонија, но и за политичките изјави на првиот човек на бугарскиот тим во историската комисија, Ангел Димитров. Досега на предупредувањата кои устно им ги испраќаше Османи од Софија нема никаква реакција.

„Се разбира доколку продолжат негативните трендови ќе има и други комуникации“, рече Османи.

Но за Османи освен провокациите на бугарските официјални претставници, нова главоболка му создадоа и македонските пратеници кое вчера ја изгласаа потреба од измени на Законот за граѓански здруженија и фондации со ретроактивно важење. За шефот на дипломатија потребата од измени во Законот за доуредување на правилата  за отворање на здруженија и фондации на граѓаните на Македонија е неспорна, но има задршка доколку законот важи ретроактивно.

„Потребата во рок од три месеци да се ревидираат, е тоа на некој начин ретроактивно важење на законот и тука не можам од правен аспект да кажам. Од политички аспект ќе треба убаво да се анализира како ќе се рефлектира. Би сакал законот да важеше од денеска па натаму“, е ставот на Османи.

Телма неофицијално дознава дека загриженоста кај шефот на дипломатијата за ретроактивното важење на законот е од можната реакција на Бугарија на евентуално затворање на веќе отворените бугарски клубови со контроверзни називи, пред се на клубот „Ванчо Михајлов“, кој во април лично го отвори речиси цел државен врв на Бугарија на чело со тогашниот бугарски премеир, Кирил Петков.

Тамара Грнчароска

Jumbo 2