Вести Македонија Топ вести

ЕСМ: РEK Битола го приклучи Блок 1 на мрежата

РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава.

Постројката е повторно во функција после 23 дена ремонт и заедно со Блок 2 испорачуваат електрична енергија.

Согласно Планот за производство и во непроменети околности, РЕК Битола треба да продолжи да работи со два блока до почетокот на ноември. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на Блокот 3, во краткотраен ремонт треба да влезе и Блок 2 со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона, велат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека во моментов се задоволуваат потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено домашно производство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе