Медиумите ќе снимаат за граѓаните да имаат можност да видат каде државните капацитети произведуваат над 90 проценти од електричната енергија во земјава.
Владата ги отвора вратите на термоелектраната РЕК- Битола и ги покани медиумите на обиколка во најголемиот елктропроизводен капацитет во земјава.
Одговорните за битолскиот РЕК треба да одговорат дали успешно ги санирале блоковите 1 и 2. Потоа кога ќе отпочне со работа и третиот блок за кој има најави и дали се планирани редовни снабдувања со потребниот енергенс -јаглен за овој термо гигант откако владата не успеа да го трансформира на гас, многу поеколошки енергенс за пелагонискиот регион кој е изложен на загадувањето од емисијата на штетни гасови.
