По, ист распоред: интонирање химна, говори од бина, забавен дел. Втор ден граѓаните се собираат пред платотo на владата со едно мото – „Ултиматум – Не благодарам“.
Така се ословува граѓанската неформална група на социјалните мрежи каде се договара и поттикнува сенароден протест.
И денеска ја поддржаа илјадници граѓани кои велат дека дошле со една цел – против францускиот предлог за преговарачката рамка за ЕУ.
Стоп за бугаризација, Бугарски фашизам- Европска вредност, се дел од пораките на граѓаните од кои дел имаат и навредливи пораки за државни и владини претставници кои што се изразија позитивно за францускиот предлог. Протестот се одржува без официјален организатор.
Но, затоа и денеска пред владата час претходно беше монтирана бина, ограден дел за медиумите и гласна аудио опрема.
Микрофоните од рака на рака си ги подаваа, новинари, поети и граѓански претставници.
Говорите остри и со пораки да се отфрли францускиот предлог.
На граѓаните кои го пополнија просторот пред платото на владата одново им се придружија и опозициските лидери.
Димитар Апасиев од „Левица“ ги предводеше своите партиски приврзаници.
А, Мицковски и денеска присутен, но без коментар и изјава.
Протестот започна точно во 19 часот, и заврши по еден час, денеска дополнет и со поширок музички репертоар.
Иако официјално вечерашниот протест против францускиот предлог, заврши голем број граѓани останаа пред Владата.
Како што беше кажано, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот.
Павле Беловски













