Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во струмичко Сушица има само шест првачиња

/

Македонија

Сподели преку :

Оливер Вучков е прваче во струмичкото село Сушица. Тој е едно од шесте деца кои годинава се првачиња во ова населено место. Во училишниот двор го минува слободното време играјќи фудбал со поголемото братче. За игра им фалат уште деца, но селото кое брои околу 600 куќи и според последниот попис запишани близу 1000 жители, има малку деца. Причината- големото иселување што последниве две децении го има во селото, но и целиот регион.

Мајката на овие момчиња вели дека годинава имало шест првачиња, но податоците на училиштето биле дека треба да има 26.

Училишната зграда е во добра состојба, реновирана, со нова урбана опрема во дворот. Сѐ е убаво, само деца-нема.

Жителите велат дека селото не си личи на себе. Слободната проценка е дека секоја втора куќа е празна, а некаде цели маала се пусти.

Бројот на ученици постојано се намалува, не само во Сушица. Годинава општина Ново Село и а 33 првачиња, две помалку од лани.

Но, ситуацијата не е блескава ниту во Општина Струмица каде од лани се запишани околу сто првачиња помалку.

Сузана Мицева

Jumbo 2