Невреме со врнежи од дожд и град го зафати Скопје попладнето. Краткотрајното невреме направи штети на дрвјата и ги поплави улиците. Сообраќајот во моментот се одвива отежнато, а улиците се полни со автомобили во најфреквентниот дел од денот. Отежнато беше и движењето на пешаците.
Вчера силно невреме имаше на целиот Балкански полуоство. Ладниот воздушен бран од северна Италија, преку Словенија се спушти кон Хрватска и Србија.













