Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судии без безбедносни сертификати

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешен вработен во тајна служба, кому му бил одземен сертификатот, ја изгубил работата. Сега тужи на Управен суд, но ниту судијата, ниту неговиот адвокат со месеци не добиваат безбедносен сертификат, иако барале во дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Процедурата е закочена во АНБ која ги врши безбедносните проверки. Од друга страна, пак, АНБ која не ги издава сертификатите за учесниците во судски процеси, на еден начин е странка во постапката, па со неиздавањето влијае на брзината на судењето, при што се отежнува пристапот до правда и до загарантираното право на судење во разумен рок.

Сепак, најмногу судии со потреба за сертификат има во Кривичниот суд. Судиите на претходна постапка кои се задолжени да потврдат или одбијат наредба за посебни истражни мерки, меѓу кои се и следењето и прислушувањето, мора да имаат строго доверливи сертификати за да ги гледаат наводите на Обвинителството. Исто така, и сите судии од одделот за организиран криминал, заедно со стручните соработници и записничарите, мора да имаат сертификати. Во кривичниот суд тврдат дека за разлика од другите скопски судови – кај нив нема проблем со судиските сертификати.

Судиите, преку офицерот за безбедност на класифицирани информации, уште на шест до осум месеци пред истек на конкретниот сертификат се должни да поднесат барање за продолжување, а согласно новиот Закон, и да ги поминат сите неопходни тестирања, како навреме би го добиле. До овој момент, до Управата на судот, не е пријавен ниту еден проблем или барање за одлагање или прекин на конкретна постапка, заради евентуално не поседување на безбедносен сертификат.

Најголем проблем од банални причини сепак е во граѓанскиот суд и тоа верувале или не во одделот за работни односи. Бидејќи систематизацијата на работни места во МВР, во Одбрана, тајните служби и безбедносни агенции е класифицирана информација од доверлив карактер, судиите при работни спорови во овие институции мора да имаат сертификати. Такви случаи во скопскиот граѓански суд не се ретки, годишно ги има на стотина, но отпуштените од работа мора да се навикнат на долги судски постапки кои се одложуваат само поради немање на безбедносни сертификати на судиите. Судиите барале, но чекаат со години или повеќе од 6 месеци одговор од АНБ со што државата може да биде гонета за отштета поради судење во неразумен рок.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2