Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ со повик за протест на 1ви Мај: Да бидеме гласни пред неправдата

/

Македонија

Сподели преку :

Сојузот на синдикатите на Македонија со повик до работниците, граѓаните и синдикатите за протест на 1ви Мај. Протестот, е најавен во 12 часот пред зградата на ССМ, а се организира поради неправдите кон работниците.

– Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78% или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!

Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, истакнува Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.

Jumbo 2