Спортските терени на хотелот Александар Палас не се времени објекти исто како што не се ниту други тeниски игралишта изградени од државата или приватни сопствнеици – Градоначалникот на Карпош Јакимовски и денеска со реакција на кривичната пријава за злоупотреба на службената положба што ја поднесе мвр против него и уште 5 мина колеги поради легализација на игралиштата во склоп на хотелот.
Овие се дел од примерите кои според Јакимовски се доказ дека МВР е селективно. И тој ке поднесе контра кривична пријава за тие што него го гонат.
Јакимовски вели Александар Палас е сопственик на игралиштата но со незапишани сопственички права во Катастар, поради што го искористиле законот за легализација. Според МВР пак Јакимовски потпишал урбанистичка согланост за легализирање на тениските игралишта спротивно на Законот за градење и Законот за легализација и со тоа на хотелот му овоможиле имотна корист од над два милиони евра.
Елена Ивановска Мукоска













