Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјанец си ги убил мајката и бабата

/

Македонија

Сподели преку :

По кратка потрага полиција уапси 40-годишне скопјанец осомничен за убиство на сопствената мајка и баба.

Јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.

Убиството се случило околу 14:20 часот во центарот на Скопје.

Целосно соопштение на МВР:

Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, извести МВР.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Jumbo 2