Педесет и петгодишен маж од село во кривопаланечко е уапсен од полицијата, откако бил пријавен дека обљубил пет години помлада жена од истото село.
„На 21.01.2025 во 11:10 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Р.Ѓ. (55) од кривопаланечко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 50 – годишна жена од истото село“, се вели во билтенот на МВР.
По целосно документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.













