Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се уште беснее пожарот на планината Серта

/

Македонија

Сподели преку :

Петти ден беснее пожарот на планината Серта, од земја го гаснеа пожарникари, припадниците на Армијата и војската и вработени на останатите институции, а од воздух дејствуваат македонсиот и турскиот хеликоптер.

Кризниот штаб на Штип утринава побара поддршка од воздух за жариштата над селото Драгоево, длабоко во планината и на ридот Штракалево, кој е меѓу Драгоево и полигонот Пенуш.

Зоната околу овој полигон е забранета за месното население, по неа се движат само војската и пожарникарите, бидејќи има неиспукана муниција.

Утринава над селата Селце и Драгоево беше тивко, огнот не може да се види, бидејќи е длабоко во планината и низ доловите. Жителите велат дека е страшно да си во близина на пожар.

Ванчо Ѓоргиев од штипското село Лесковица, вели дека во тој дел на планината можат да видат како хеликоптерите го гаснат пожарот од воздух.

Во неготинскиот крај активен е пожарот од Криволак кон Штип, потоа меѓу селата Калањево и Брусник.

ОД ЦУК информираат дека пожарите имаат опфат од околу осум километри пречник.

Викторија Јованова

Jumbo 2