Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По апсењето за уништување на скопската Чаршија, разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски .Тој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.

Од Министерството за култура потврдија дека директорот е разрешен. На негово место е назначена нова в.д. директорка.

Акцијата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР беше спроведена во средата и во неа беше приведена група од деветмина која кршејќи неколку закони го урнала објектот кој се смета за културно наследство и е заштитен со закон. Според ОЈОГОКК причинета е штета од непроценлива вредност за државата, а Буџетот е оштетен за три милиони евра.

Jumbo 2