Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте интересот за стручни училишта

/

Македонија

Сподели преку :

Рекорден број на 254 запишани средношколци во средното стручно училиште „Владо Тасевски“ е само уште една потврда за зголемениот интерес на младите за стручното образование и сите опции кое истото ги нуди. Секојдневието ги натера младите луѓе многу побрзо да созреат, да си ги постават прашањата „како да се помине месецот во време на економска криза“, како да се одбере професија, занает со кој достонствено може да се издржувате, кои се можностите за брзо вработување, воедно и можност да продолжат да студираат и паралелно да работат.

Трета година по ред најголем интерес има во електро струката, техничар за телекомуникации и техничар за компјутерска техника и автоматика, но морам да кажам годинава имавме еден новитет во машинската струка каде што запишавме една паралелка како техничар за производно машинство и една паралелка како техничар за компјутерско управување. Интересот беше огромен и на мое задоволство се запишаа 29 ученици за техничар за компјутерско управување.изјави Александар Сибиновски, директор на СУГС „Владо Тасевски“

Радува фактот дека од 254 ученици 100 се одлични и полесно е кога работите со млади луѓе кои си ја сакаат струката за којашто се одлучиле да учат, вели Сибиновски. Реформите во однос на практичната настава во стручното образование и учењето преку работа ги дадоа резултатите и го зголемија интересот на новите генерации.

Повеќе во училиштето не се изведува пракса, популарниот предмет пракса, сега веќе имаме учење преку работа како предмет, што секако е задолжителен, но го изведуваат во реални работни услови, односно во компаниите. Како бројка морам да кажам како кадри дека се многу дефицитарни овие струки кои ние ги нудиме. Имаме соработка со повеќе од 120 компании и секако од корист е и за нас како училиште и за компаниите, бидејќи после три години учење преку работа кај работодавач тој ученик комплетно ја познава структурата на таа компанија и може веднаш да се вклучи во работниот процес по завршување на средното образование.изјава Александар Сибиновски, директор на СУГС „Владо Тасевски“

Според податоците на Министерството за образование и наука годинава, во двата уписни рока, во средните училишта се запишаа 15481 ученик. 4.652 во гимназиско образование и 11.428 ученици во стручно образование.

Нина Стефанова

 

 

Jumbo 2