Обид за убиство на Раде Трајковски Штекли?
Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли . Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден.
Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило.
Во мометот во Ист гејт мол полицијата врши увид.
Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.
Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
Повеќе на Вестите на Телма во 18:30 и 21:30.

Колата која ја користеле двете лица кои попладнево пукале Раде Трајковски Штекли во гаражите на „Ист гејт“, е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец, дознава Телма од извори на истрагата. „На 25.08.2023 околу 15:50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое… Продолжи со читање













