Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Противзаконски е партиската идеологија да влегува во наставните програми

/

Македонија

Сподели преку :

Партизацијата на образованието веќе добива загрижувачки димензии преку партиски делегирани луѓе на важни позиции кои не исполнуваат основни криериуми за функциите. Вака реагираат експерти во врска со најновиот скандал, поврзан со учебникот за петто одделение по албански јазик од авторот Вехби Кадриу, во чија методска единица за изучување скратеници, како пример е посочена скратеницата на партијата на власт, ДУИ. Тоа е спротивно на законите, вели поранешниот заменик министер за образование и универзитетски професор Петар Атанасов.

„Во законите за основно и за средно образование изричито пишува дека се забранува политичко организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и на верски обележја. Во случајот се работи за токму тоа. Некој почувствувал или се обидува да го внесе тоа во наставната програма, што навистина има противзаконски елементи. Но, и се коси со сето она што го градиме како општество“, изјави Петар Атанасов, професор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Меѓу скратениците кои петтоодделенците Албанци треба да ги научат од истиот учебник е и таа за Министерството за образование и наука (МОН). Атанасов смета дека моќта што ја има ДУИ која многу години е на власт, мотивира луѓе, блиски до партијата на излети што не се образовни и не стимулираат квалитет. Според професорот, треба да се побара одговорност чија е грешката, кој ја одобрил, како е направена и кои надлежни инстанци биле вклучени во тоа.

За скандалот реагираа од опозициската Алијанса за Албанците, од каде побараа учебникот итно да биде повлечен од употреба, но и да се повлече министерот за образование, Шаќири.

Од МОН велат дека образовниот процес е политички неутрален и апелираат до Педагошката служба и до авторот, да поднесат барање за исправки.Откако тие ќе постапат, МОН во комуникација со операторот, избран за печатење на учебниците, во најкус рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на пропустите, дополнуваат од ресорот.

Сотир Трајков

Jumbo 2