Нов протест на студенти и работници од Ирак и од Авганистан. Овој пат незадоволството го изразија пред Собранието.
Тие се револтирани зашто УЈП им бара да платат данок за пари заработени во странство. Тврдат дека до даночните служби тие доставувале докази дека данокот е платен во земјата каде работеле со години, но од УЈП не им ги признаваат.

Од Управата за јавни приходи неколку пати досега се изјаснија дека немало двојно оданочување.

Граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак заедно со студенти кои оствариле приходи во странство излегоа на протест пред УЈП. Револтирани од известувањата што ги добиле а со кои се бара да платат данок за парите заработени во друга држава, прашуваат каде биле службите до сега. Велат со години тие молчеле и сега одеднаш праќаат… Продолжи со читање













