Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проработеа полициските боди камери на Блаце- уапсен возач од Албанија кој нудел мито

/

Македонија

Сподели преку :

Откако во април беа уапсени раководителот на смената на граничниот премин Блаце и уште еден полициски службеник поради тоа што беа снимени како бараат мито за да „прескокнат“ пасошка контрола, вчера автобуски возач од Албанија се обидел со евра да ја забрза граничната контрола, но бил уапсен и е во притвор.

Обвинителството соопшти дека е определен 8-дневен притвор на 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода, стои во соопштението на обвинителството, а свое соопштение издаде и МВР.

Во април, албанскиот ТВ КЛАН објави сторија со скриена камера на која полициски службеници на Блаце земаат 120 евра за да пропушти комбе со 6 патници да поминат без пасошка контрола. Тогаш беше откриено дека сите полицајци во смената имале оштететни боди камери за да не може да снимаат, а не пријавиле на надлежните за да им ги заменат.

Поради тоа за сите со оштетени камери беше отворена постапка во Внатрешната контрола на МВР. Полицајците на таа снимка дури се расправаат дека на комбито му наплаќаат под минималните 30 евра од човек за мито.

На снимката од полицискиот рушвет на Блаце се слуша како полицаецот и командирот се расправаат дека 20 евра не е стандардот за мито

(ФОТОГРАФИЈАТА Е НАПРАВЕНА ОД ВИДЕО-ПРИЛОГ НА ТВ КЛАН- АЛБАНИЈА) На снимката која ја објави албанската телевизија РТВКлан се гледа дека најмалку двајца полицајци учествуваат во „договарањето“ цена за брз трансфер без контрола на граничниот премин Блаце. Уште еден полицаец е во шалтерска просторија и покрај него поминуваат командирот, полицаецот кој ги носи пасошите и двајца… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2