Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проблемот со јавниот превоз во Скопје – игнориран од властите

/

Македонија

Сподели преку :

Приватните превозници продолжуваат со протестот кој започна минатата недела.

И денеска како и во петокот тие ќе сообраќаат на градските линии по 17 часот… Утрово според најавите ќе останат паркирани.

Револтот изби откако не беше ставена на седница точката со која тие побараа повисоки цени на услугата по изминат километар.

Посочија дека доколку меѓувреме не биде закажана вонредна седница на која би се разговарало за овој проблем, во градот ќе настане сообраќаен хаос, со оглед дека редовната е закажана на 21 октомври.

Паралелно состојбата со автобусите на ЈСП е алармантна и ги загрижува граѓаните кои се принудени да го користат јавниот превоз во Скопје.

Тие се жалат дека не пристигнуваат на време на своите работни места, а учениците доцнат во школо.

Изминатиот период постојано се говореше дека сообраќајното претпријатие работи со намален капацитет поради честите дефекти и потребата од обнова на возниот парк.

Од друга страна партиските препирки го фрлија проблемот на страна.

Проектот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси или не е ставан на дневен ред или не ја добива поддршката од мносинството советници, а премиерот Мицкоски пак пред извесно време рече дека тој нема веднаш да го реши проблемот на граѓаните бидејќи како што посочи и да се нарачаат возила сега тие нема веднаш да бидат испорачани.

Jumbo 2