Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 12:25 часот на територија на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода скопјанецот А.Е. (55), кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години.
Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.













