Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи .
На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.

Пламени јазици од два огромни купови со отпад со часови гореа додека пожарникарите се обидуваа да го стават големиот пожар под контрола. Гореа лимови и остатоци од стари автомобили на отпадот во близина на Визбегово. Внатре со два крана, вработените се обидуваа да направат простор и да ги одделат незафатените остатоци од стари автомобили за… Продолжи со читање













