Вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн чад – шумски пожар на отворено каде горело дабова шума информираат од Региналниот центар за управување со кризи.
-Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор. Пожарот е изгаснат денес од страна на мештаните, се наведува во соопштението на РЦУК.













