Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно искршена спомен плочата кај Карпалак

/

Македонија

Сподели преку :

Искршена спомен плочата кај месноста Карпалак, на која се испишани имињата на десетемина армиски резервисти кои во 2001 година на ова место беа убиени во заседа. Расфрлани се и цвеќињата кои на вчерашното одбележување на годишнината ги положија присутните делегации.

Граѓаните реагираат и споделуваат на социјалните мрежи видеа и фотографии од вандализмот.

За случајот се огласи и Министерството за одбрана, кое најостро го осуди оштетувањето на плочата. Од таму информираат дека настанот покрај во полицијата, го пријавиле и до меѓународната заедница.

Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови. Веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за преземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, соопштија од министерството за одбрана.

Од Министерството велат дека преземаат активности за поставување на нова спомен плоча, додека за досегашните иницијативи, во изминатите 7 години, за поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, тврдат дека не биле согласно законската регулатива од оваа област.

Имено не е земено предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции. Односно се преземени активности за да не се направи апсолутно ништо. Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, додаваат од одбрана.

Инаку спомен плочата, која беше поставена на банкината на автопатот Тетово – Скопје низ годините повеќепати беше вандализирана. Бранителите постојано повторуваат дека на ова место треба да има достојно спомен обележје.

Данијела Билбилоска

Jumbo 2