Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредено право на известување за „крвавиот четврток“

/

Македонија

Сподели преку :

На 27-ми април 2017 година, новинарот Влатко Стојановски бил спречен да известува, односно да го оствари своето право на слободно изразување. Вакво мислење има судијата-известител во Уставниот суд, Осман Кадриу. Другите уставни судии го усогласија ставот дека со пресудите на Основниот граѓански суд и на Апелацискиот суд, се повредени правата на новинарот. Но, не постигнаа согласност за правната судбина на двете пресуди, што значи дека овој предмет не е завршен и повторно ќе биде разгледуван на некоја од наредните седници, информираат од Уставниот суд.

Всушност, овој суд нема надлежност да поништува судски пресуди. Но, ако констатира повреда на новинарските слободи, тужителот ќе може да бара повторување на постапката пред Основниот суд бидејќи се појавиле нови факти.

Влатко Стојановски од весникот „Фокус“ бил во Собранието за време на нередите од „крвавиот четврток“. Тој поднесе тужба, бидејќи бил спречен да известува за прашања од јавен интерес, меѓу кои конституирање ново парламентарно мнозинство, а дополнително претрпел и директни напади. На тој ден, повеќе новинари се најдоа во слична ситуација и поведоа поединечни постапки пред Граѓанскиот суд, но Судот не ги уважи нивните тврдења и докази.

Уставниот суд е надлежен да одлучува за заштита на слободи и права, а токму тоа го бара новинарот Стојановски преку адвокатот Филип Медарски.

Соња Николовска

Jumbo 2