Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Под Беласица наскоро ќе никне викенд населба

/

Македонија

Сподели преку :

Потребни се повеќе инвестиции во сместувачки капацитети за развој на руралниот туризам во подбеласичкиот регион. Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, вели дека има голем интерес од граѓани за изградба на вили за рурален туризам, но немале земјиште за таа намена. Во следниот период ќе изготват урбанистичка документација за продажба на нови парцели за изградба на викенд населба.

Во овој регион доаѓаат голем број гости, но тие најчесто не се задржуваат токму од причина што нема голема понуда за сместување во индивидуални или хотелски капацитети. Селата се полуиспразнети и нема кој да ги менаџира куќите за издавање, а малку од тој имот е на продажба на заинтересираните инвеститори. Во следните месеци, оваа општина ќе продава и плацеви за изградба на семејни куќи.

Пограничниот подбеласички регион привлекува илјадици туристи секој викенд на воодпадите во Колешино, Смоларе и Габрово, не само од Македонија туку и од соседна Бугарија. Планот на локалната самоуправа е како гостите да останат подолго од еден ден.

Сеузна Мицева

Jumbo 2