55-годишен скопјанец починал на Илинден, а Итната помош го донела мртов во болницата 8-ми септември, соопшти полицијата.
Во своето известување, полицијата наведува дека според болничката пријава, два дена претходно, починатиот паднал од тротинет и не барал лекарска помош.
Обдукција на Судска медицина треба да помогне на истрагата во откривање на причината на смртта.
Во продолжението, известувањето на МВР за случајот:
-На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје. Според пријавеното, тој на 31.07.2025 паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција

Ноќеска во Охрид поради поседување на дрога бил уапсен раперот од Србија, Стефан Ѓуриќ познат како Раста. Полицајците го уапсиле на стадионот Билјанини извори каде според српските медиуми требало да настапи како предгрупа на концерт. Полицијата го потврди апсењето. -На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција… Продолжи со читање













