Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Огнените“ почнаа фракционерска битка 

/

Македонија

Сподели преку :

„Огнените“ ќе бијат битка на домашен фронт. Со нови, демократски оружја, против истите непријатели – министрите од ДУИ. Не го послушаа партискиот лидер, кој изјави дека фракции не постојат во ДУИ и од денеска и официјално ќе делуваат фракционерски.

Одговарајќи на прашањето дали со ваквиот чекор може да бидат казнети и исклучени од партијата, велат дека други треба да ја понесат вината или казната за настанатата ситуација. Во ДУИ, како што потенцираа, постојат двојни стандарди за дебата и одлучување.

Од фракцијата излегоа и со неколку свои предлози за понатамошното политичко делување на партијата. Поддржуваат бришење на процентот 20 отсто Албанци во уставот, бараат измени на Изборниот законик со кои и дијаспората ќе може да гласа електронски, со Законот за игри на среќа, казината да се изнесат надвор од населените места и се противат на  зголемувањето на платите на функионерите, а се за зголемување на платите на администрацијата.

Засега немаат намера да формираат нова партија. Велат дека имаат на располагање уште многу демократски механизми за да ја добијат битката во ДУИ.

Далиборка Демјанска

Jumbo 2