Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова провокација од Бугарија со браќата Манаки

/

Македонија

Сподели преку :

Првите филмски сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки, починати пред седум-осум децении, отвараат нова историска дебата меѓу Македонија и Бугарија. Поранешниот бугарски министер за одбрана и нов амбасадор во САД, Георги Панајотов, во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека Манаки имаат одговорност за депортацијата на Евреите од Битола во 1943-тата година.

Многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат. Еве еден пример: Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Северна Македонија кога тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, вели Георги Панајотов, амбасадор на Бугарија во САД.

Историчарот Александар Литовски, и самиот роден во Битола, вели дека Бугарија се обидува да ја тргне одговорноста од себе за сите злодела кон Еврејското но и кон Македонското население и да ја префрли на локалните жители.

Панајотов се согласува дека за време на Втората светска војна Бугарија била сојузник на Германија. Вели дека „привремено управувала со делови од северна Грција и тогашна Југославија, но немала никаков суверенитет над овие земји, а по војната им исплатила репарации на двете држави“.

За Бугарија, историските прашања  се важен дел од Договорот потпишан 2017-та и услов за поддршка на евроинтеграциите. Амбасадорот Панајотов повторува дека мешовитата комисија мора да ги реши сите периоди од „заедничката историја“. Македонската страна уверува дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата во преговорите со Унијата.

Соња Николовска

Jumbo 2