Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Никој не бара одговорност од Буши

/

Македонија

Сподели преку :

Скап подарок може да значи компромитација на функцијата. ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, на кого непознати лица му платиле 20.000 евра за престој во луксузен хотел во Истанбул. Но, премиерот Ковачевски делува задоволно што престојот во претседателскиот апартман на Босфор е платен со приватни средства, а не од МВР. 

За ВМРО ДПМНЕ, ова е потврда дека премиерот е немоќен кога станува збор за функционер од ДУИ. 

Веста за луксузното патување ја лансираше албанскиот портал „Ора њус“, а стана јавна благодарение на приватната снимка на самиот Буши. Импресиониран од апартманот од 850 квадратни метри, тој направил видео запис, на кој може да се види и тој и неговиот син Ќерим во друштво на две девојки. Реализирано е во октомври 2020-та, неполн месец по преземањето на функцијата во МВР.

Министерството веднаш одговори дека станува збор за приватно патување, а Буши потврди дека престојувал во Истанбул од семејни и здравствени причини, што било планирано неколку месеци претходно. Тврди дека биле „гости на двајца пријатели од Скопје“ и дека не знае кој ја платил сметката, но и колку чини ноќевањето на Босфор.

Соња Николовска

Jumbo 2