МВР испрати дополнителни полициски екипи за да се откријат лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште, објави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Ваквиот чекор доаѓа откако во повеќе наврати револтирани граѓани на бројот за итни случаи 112 се јавиле дека во Општина Аеродром се шири остар и неподнослив мирис.
Скопската противпожарна бригада синоќа успеа да го изгасне пожарот, но некаде на средината на депонијата, на место непристапно за пожарникарите, се уште се изгига густ чад.
Летово Вардариште неколку пати гореше и се претпоставува дека станува збор за намерно палење на депонијата.
Она што дополнително загрижува, е што пред неколку дена огнот се доближил на само десетина метри од далновод низ кој поминува 110 киловатна мрежа кој се наоѓаз зад просториите на поранешна А1 телевизија, и доколку не бил спречен последиците би биле многу големи предупредуваат од ЦУК.













