Полицијата извести дека е најден мртов маж во близина на пругата кај железничката станица во Хиподром.
Се уште не е утврден идентитетот на загинатиот за кого МВР првично оцени дека е удрен од воз.
Телото е предадено на обдукција.
Соопштението на МВР:
На 27.03.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.













