Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маневски поднел кривична пријава против премиерот Ковачевски, вицепремиерите Груби и Маричиќ, Бочварски и Рустеми

/

Македонија

Сподели преку :

Во кривичната пријава на околу 25 страници екс министерот за правда Михајло Маневски напишал зошто смета дека треба да одговараат за злоупотреба на службената положба премиерот Ковачевски и уште четворица високи владини функционери Груби, Маричиќ Бочварски и Рустеми. Поднел и докази, а меѓу нив била и изјавата на вицепремеирот за европски прашања со која тој потврдува дека  петте закони за Бехтел и Енка кои добија европското знаменце, не се носат за усогласување со европското законодавство

Во пријавата пишувал и за злоупотреба на јавните набавки тајноста на договорот и други спорни аспекти во постапката за изградба на коридорите. Маневски очекува дека обвинителот ќе постапи совесно и ќе поведе истрага. Од обвинителството за Телма одговорија дека веќе работат.

Основното јавно обвинителство Скопје ја прими кривичната пријава за која покажувате интерес на 30.05.2023 година и веднаш ја распореди кај надлежен јавен обвинител. Тој ја проучи пријавата по што на 15.06.2023 година донесе одлука со која дел од пријавата достави на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во останатиот дел од пријавата јавниот обвинител продолжи да постапува, соопштија од ојо.

За изградбата на коридорите обвинителството за организиран криминал отвори предмети пред повеќе од три месеци, но тие се уште е во фаза во предистрага и токму делот од пријавата на Маневски која била испратена во организиран е спорна со овој предмет. И Антикорупциска го анализира договорот со американско турскиот конзорциум.

Елена Ивановска Мукоска

Jumbo 2