Лекарите од јавно здравство денеска ќе ја искористат паузата за протест со барање да биде потпишан Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес. Велат дека иако се договориле за линеарно покачување, ни тоа не го добиле.
Синдикатот на Клинички побара од Владата да ги викнат на состанок и да се договорат кои би биле следните чекори и како би се реализирале покачувањата, со оглед на најавеното зголемувањето на минималната плата од месец март. Здравствените работници се револтирани и бидејќи им доцнеше јануарската плата поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување, иако исплатата почна и според најавите денеска сите ќе ги добијат парите на трансакциска сметка.













