Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

/

Македонија

Сподели преку :

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“.

Според пријавата, управителот, сопственикот и поранешниот сопственик на компанијата во текот на април 2024 година не евидентирале продажба на производна линија за кабли во вредност од 14,5 милиони денари, а дел од средствата биле префрлени на лични сметки и сметки на блиски лица.

Со преземените дејствија, пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле даноци во вкупен износ од над 4.5 денари, со што, според Финансиската полиција, сериозно е оштетен Буџетот на Република Македонија.

  • Првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице. Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице. Исто така, првопријавениот Д.П., во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари. Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 4.677.362 денари, се вели во соопштението од Финансиската полиција.
Jumbo 2