Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кој има мандат за уставни измени?

/

Македонија

Сподели преку :

До крајот на неделата ќе биде појасно дали ќе се зголеми владеачката коалиција. Алијанса најави дека во петок ќе заседава партиското претседателство и ќе донесе одлука. Премиерот Ковачевски повторува дека ја остава вратата на Владата отворена – не само за нив, туку „за сите кои сакаат да се придружат на европската коалиција“. Потенцира дека пристапувањето во ЕУ е дел од Владината програма  и се чуди на  опомените од неговиот опонент Мицкоски дека не добил мандат за уставни измени.

ВМРО-ДПМНЕ е за избори, зашто таму партиите ќе добијат мандат за реализирање на своите залагања.

За почеток на процесот на уставни измени се неопходни 80 пратеници, кои се недостижни и со влегување на Алијанса во Владата и со излегување на Алтернатива од неа. Министерот Беким Сали, чиј ресор, според шпекулациите, треба да помине од едната кај другата партија, не навлегува во политички одлуки.

Алијанса ги отфрли како невистини написите дека разговара за преземање на ресорите здравство и правда. Во донесувањето конечна одлука, ќе се потпира на сугестиите од меѓународната јавност кои вклучуваат европска агенда и борба против корупција, а не избори.

Соња Николовска

Jumbo 2