Лицата со попреченост се невидливи за системот. Ова е ставот на граѓанските здруженија коишто ги застапуваат лицата со попреченост во Струмица. Соња Велкова од Сојузот на слепи, вели дека е тотално разочарување што слепите лица остануваат надвор од институциите затоа што не се прилагодени на нивните потреби и можности.
И заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска вели дека институциите се уште не се прилагодени на потребите на лицата со попреченост, што претставува кршење на нивните основни човекови права.
Токму непристапноста до информации и неможноста за остварување на нивните права се дел од најчестите претставки до народниот правобранител. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина дел од општинските и државните институции се уште се физички непристапни за лицата со попреченост.
Сузана Мицева













