Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби: Нема никакви нови барања од Софија

/

Македонија

Сподели преку :

Нема нови, барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според опозицијата биле испорачани од Република Бугарија.

„Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Северна Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи“, нагласи Груби.

Jumbo 2