На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Каиро, Гана, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, утрово е најзагаден град во Европа.
Нивото на ПМ2,5 честичките измерени пред еден час изнесувало 64,1 микрограм на метар кубен со што горната граница е надмината за над 12 пати.
Високо е и нивото на ПМ10 честочки кои се застапени со 91,4 микрограми. Воздухот во Скопје утрово е означен како нездрав. Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.
Надлежните се уште не разгледуваат мерки со кои би се ослободиле од работни обврски ранливите категории на граѓани иако загаденоста на воздухот со денови котира високо над дозволените граници.













