Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Северна Македонија е моја татковина

/

Македонија

Сподели преку :

Гаши со фејсбук статус во обид да се објасни што мислел кога рекол дека Косово е негова татковина. По бурните реакции во јавноста и по повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најверојатен иден коалиционен партнер во новата Влада да се извини на граѓаните доколку навистина изнесол таков став, новиот собраниски спикер вели дека неговата изјава е извадена од контекст и дека написите кои беа објавувани деновиве се само за публицитет и не се вистинити.

Во неговото образложение на Фејсбук пишува дека Косово е родно место или татковината на неговите родители ѝ како такво, го почитува заради нив. Но потенцира дека негова татковина е местото каде е роден, живее и работи тој и неговото семејство, а тоа е Северна Македонија.

Додава дека дој е претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Мицкоски го доби мандатот за состав на Владата и тврди – „имаме двотретинско мнозинство“, на ДУИ им порача да не создаваат меѓуетнички провокации, а на Гаши да се извини ако изјавил дека татковина му е Косово

На ден пред истекување на рокот, претседателката на државата му го довери мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски тврди дека има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието, но за конечно објавување на коалицискиот договор се чека на финалните чекори. Нова Влада ќе биде избрана пред крајниот рок од 20 дена… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2