Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери си го пофали синот иден обвинител

/

Македонија

Сподели преку :

Гостиварското обвинителско подрачје е на пат да се фамилијаризира, но за роднините на високи функции тоа не е ништо спорно. Собранискиот спикер, чиј син е кандидат за јавен обвинител во Гостивар, вели дека, голем број синови и ќерки се на високи позиции, па си ја работат работата како што треба. За Барлет Џафери, Антикорупциската комисија утврди дека правосудниот испит го полагал со дискреционака одлука на тогашниот министер за правда од ДУИ,  Аднан Јашари, пред да ги исполни неопходните услови за полагање.

На прашањето од новинарите, како може да се очекува да биде непристрасен кон членовите на ДУИ, ако биде во ситуација да ги гони за криминал, Џафери одговори дека нема да има многу избор.

Мојот син ќе треба да бира дали ќе покрене обвинение доколку постојат индиции за нешто такво, или самиот ќе оди во затвор, тврди постариот џафери.

На споредбата дека шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, сликан со врвот на ДУИ, не мрда со прст ни да ја провери аферата со браќата Груби, актуелна деновиве, Џафери кажа дека Собранието нема овластувања да му се меша во работата, само ги разгледува извештаите за работата на обвинителството, кои се праќаат со задоцнување и по една година. Сопругата на Абази, Албулена, се пријавила за обвинител во кичевското обвинителство, но тоа ни за нејзиниот сопруг не  е ништо спорно, доколку не се во исто обвинителство.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2