Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државниот врв бара консензус со опозицијата

/

Македонија

Сподели преку :

Консензус за уставни измени и обединување за клучните прашања побара денеска државниот врв од опозицијата, откако  Европската комисија во последниот извештај упати критики за нефункционален Парламент и застој во реформите.  Сепак,  претседателот на државата,смета дека не треба да се брза со чувствителните прашања, затоа што ова е сериозен процес што не трпи импровизации.

И премиерот бара обединување, но со многу критики за опозицијата.

Министерот Османи, пак, повика на лидерска средба. Да си подадат рака,  да ја поделат  одговорноста, но и заслугите.Смета дека темата за преговорите со ЕУ треба да биде настрана од дневната политика, посочувајќи на примерот со Хрватска, каде опозицијата била надлежна во Собранието за овие процеси, а Владата во институциите.Прашан за тоа, дали би ги повикал Алијанса на Албанците да бидат дел од Владата, Османи повтори дека не може да прејудицира каква ќе биде конкретната соработка во следниот период, но дека времето бара поблиска координација меѓу партиите.

ВМРО ДПМНЕ на пораките одговорија дека, за можниот консензус за уставни измени остануваат на веќе познатиот став и тука нема да има никакви промени.

Во однос на консензус за чувствителните прашања за државата, велат дека, тие својата конструктивност ја покажале во неколку наврати. „ ВМРО ДПМНЕ неколку пати подаваше рака, но поради суетата на државниот врв, бевме одбивани. Нашата конструктивност ја покажавме и со одењето на состанок во владата каде беа дадени контактите кои треба да обезбедат поевтина енергија за граѓаните. Сето ова е замајување на јавноста и дефокусирање од енергетската криза, проблемите во стопанството и отпуштањата„, се вели во реакцијата на партијата.

Во извештајот на ЕК повторно се нотира политичка поларизација и се бараат „заеднички и брзи напори од сите партии„ за спроведување на реформите.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2