Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

/

Македонија

Сподели преку :

На вечерашната седница, Централниот одбор на партијата ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ, соопштија од партијата.

ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности. Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување, се вели во партиското соопштение.

Jumbo 2